.A.S.A. Europe .A.S.A.Other countriesMacedoniaМакедонија

.А.S.А. Македонија

.A.S.A. значи доверба

.A.S.A. е во сопственост на шпанската групација компании FCC (www.fcc.es) и вработува над 4.500 луѓе во 8 европски земји. Како членка на FCC Group, .A.S.A. е дел од светската групацијата која во 54 земји ширум светот има над 92.000 вработени и над сто години долга историја која се базира на цврсти културни и корпоративни вредности. Ние сме една од водечките приватни компании која се бави со управување со отпад во Централна Европа и земјите од Југоисточна Европа. Долгогодишното искуство, современата опрема и објектите со најмодерна технологија, не прават Ваш партнер од доверба.

.A.S.A. е еколошки свесна

Нашите услуги за управување со отпад се во согласност со сите заинтересирани страни и првенствено се усмерени кон заштита на животната средина. Ние секогаш работиме во согласност со ЕУ регулативите.

.A.S.A. е партнер

Од 1990 година голем број општини ја избраа .A.S.A. за свој стручен партнер – во некои случаи во заедничко вложување – доверувајќи ни го управувањето со отпадот во согласност со ЕУ стандардите. На тој начин со примена на нашиот „know-how“ управувањето со отпад е успешно приватизирано.

.A.S.A. е инвеститор

Ние инвестираме во решенија за интегрирано управување со отпад во согласност со локалните барања и потреби. Инвестирањето е непрекинат долгогодишен процес заедно со подобрувањето на соодветниот систем за управување со отпад во Вашата земја. 

 

 

Контакт:

Franz PredlФранц Предл
Директор 

.A.S.A. Македонија ДООЕЛ, Скопје
Орце Николов бр.98, 1000 Скопје,
Македонија

 

Тел. +43 2235855-615
Факс +43 2235855-603
E-mail franz.predl@asa.at